За нас
Дијагностичка лабoраторија РАМУС
РАМУС е создадена во 2001 година како СМДЛ (самостојна медицинска дијагностичка лабораторија) во Софија, Република Бугарија;
Во лабораторијата работат 50 лекари специјалисти од различни области од медицината и голем број на квалификувани кадри: биолози, микробилози, лаборанти и технички стручњаци;
СМДЛ РАМУС има потврден углед во работата со клинички и научни истражувања;
СМДЛ РАМУС обезбедува брза достапност до резултатите на секој доктор и пациент на интернет со индивидуален пристап;
Добивање на резултатите во најкраток можен рок, во зависност од видот на анализите;
СМДЛ РАМУС врши секојдневна внатрешна лабораториска контрола, и учествува во сите национални системи за надворешна лабораториска контрола;
Рамус лабораторија во Бугарија има 14 свои лаборатории, и тоа во Софија, Варна, Бургас, Јамбол, Плевен, Габрово, Пловдив, Велико Трново, Русе, Враца, Разград, Стара Загора, Благоевград, Ловеч и национална мрежа од манипулациони центри за земање на примероци за испитување низ цела Бугарија;
Кон крајот на 2018 година, раководството на СМДЛ Рамус, одлучува да ја прошири својата дејност и надвор од границите на Република Бугарија, со отпочнување на работа на ДИЈАГНОСТИЧКА ЛАБОРАТОРИЈА РАМУС во СКОПЈЕ од Јануари 2019 година.
Мисијата на лабораторијата Рамус во Македонија е да го претстави и донесе квалитетот од својата матична лабораторија од Република Бугарија, каде пациентите ќе можат да направат анализа на голем број биомаркери со примена на најсовремени клинички лабораториски тестови за остварување на сеопфатна дијагностика во насока на унапредување на човековото здравје.
Рамус лабораторија Ви нуди бесплатни консултации со нашиот Специјалист по медицинска биохемија, со закажување на нашите телефонски броеви:
02/55 12 500; 078/20 80 53 , секој работен ден од 12:00-14:00 часот.